Трговската компанија „Дис“ го отвори својот прв продажен објект во Ужице, кој се наоѓа во центарот на градот на улицата Кнез Лазар, 31-37.
Продажниот објект на „Супер Дис“ е на површина од 412 квадратни метри и тој ќе донесе ново искуство во купувањето за сите жители на градот, соопштуваат од „Дис“.
Во понудата на маркетот има богат избор на производи од цела Србија и регинот, како и увозни артикли. Исто така, во асортиманот има и над 700 производи од сопствената трговска марка Dobro, свежо овошје и зеленчук, печива од сопствената пекарница.
Во овој маркет има различни можности за плаќање како и можност за достава преку апликациите „Глово“ и „Волт“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Дис“/Линекдин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.