Како дел е од трговскиот центар „Санпарк“ во Водице е отворен новиот „Супер Конзум“ кој одговара на потребите на модерните купувачи.
Новиот маркет е на површина од 2.250 квадратни метри и вредноста на инвестицијата надминува 2,8 милиони евра.
И оваа година сме фокисирани на стратешкиот пристап во развојот на малопродажната мрежа. Како пазарен лидер ги слушаме потребите на нашите купувачи на кои одговараме со давање на квалитетни понуди и услуги низ нашата земја. Во Водице сме присутни на неколку локации, но го препознавме потенцијалот што го има ова важно туристичко месо и со отворањето на „Супер Конзум“ сакаме дополнително да го засилиме нашето присуство и да ги задоволиме потребите на жителите на овој град, како и на сите туристи, изјави Зоран Митрески, претседател на управата на „Конзум“.
По повод отворањето на продаваницата биле подготвени посебни понуди, наградни игри и многу други изненадувања за купувачите како и попуст од 50% на вкупата сметка.
Од почетокот на годинава ова е единаесетта новоотворена продавница на „Конзум“, а во план се да се отворат уште две до крајот на годината и да се преуредат осум веќе постоечки продавници.
Извор/Фото: „Конзум“/Linkedin
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.