„Нелт група“ го вклучи железничкиот транспорт во својата интермодална транспортна мрежа преку сервисот на јавните возови. Со овој начин, комбинацијата на поморскиот, железничкиот и патниот сообраќај ќе биде фокусирана на уште поголема одржливост, ефикасност и доверба во транспортот на робата.
Робата во контејнери ќе се превезува со директна железничка линија меѓу Риека и интермодалните терминали на „Нелт“ во Добановци и Крушевац. На неделно ниво на оваа линија сообраќаат два воза.
Овој сервис е погоден за клиентите од различни индустрии затоа што претставува логистичка поддршка за нивниот бизнис. Железничкиот транспорт е еколошки прифатливо и финансиски исплатливо транспортно решение. Со воведувањето на јавниот воз во нашиот интермодален транспорт, покрај што ја засилуваме нашата мрежа, ја подобруваме отпорноста на синџирот на снабдување и ги оптимизираме трошоците за транспорт, изјави Јелена Јовановиќ, менаџерка за продажба и развој на интермодалниот транспорт на „Нелт група“.
Јавниот воз на „Нелт“ е отворен за сите учесници во синџирот на снабдување за потребите на извозот увозот на роба, додека терминалите се отворени за сите актери на пазарот, од бродарските куќи и железничките оператори, преку логистичарите, шпедитерските куќи до произведувачите, сопствениците на брендови и другите дистрибутери.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.