Во рамките на еколошката иницијатива „За почист Аранѓеловац“, „Књаз Милош“ постави машина за рециклирање кај „Фортуна центар“ на адреса Кнез Михајло бб.
Потрошувачите сега ќе можат на оваа локација да ги одлагаат искористените амбалажи од вода и пијалаци.
Продолжуваме со едукација и сеопфатна соработка за чиста животна средина, со сограѓаните, локалните заедници, децата и младинците, чија што улога досега беше клучна за нашите резултати, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“.
Овој проект, „Књаз Милош“ го спроведува во соработка со општината Аранѓеловац, ЈКП „Букулја“, операторот за амбалажен отпад „Секопак“, а од неодамна во проектот се приклучи и трговскиот синџир „Фортуна маркет“.
Извор/Фото: „Књаз Милош“/„Линкедин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.