Регион

Хрватска: Дарко Маркотиќ е нов член на управата на „Браќа Пивац“

29 Jul 2024

Групацијата „Пивац“ го именува Дарко Маркотиќ за нов член на управата на месната индустрија „Браќа Пивац“.

Маркотиќ, кој ја презема функцијата во третиот квартал, претходно беше директор за производство во компанијата, каде го водеше производниот сегмент и инвестициите во Чаковец, Карловци, Равци и Љубушки, вредни над 600 милиони евра.

Досегашниот член на управата на месната индустрија „Браќа Пивац“, Милјенко Пивац, на 1.август се повлекува од управувачките функции во МИ „Браќа Пивац“ и поврзаните компании, а својот ангажман ќе го продолжи како советник на управата на групацијата.

 Благодарен сум на укажаната доверба и именувањето за член на управата, од каде што ќе продолжам да придонесувам со своето знаење и искуство. Цели две децении работам во МИ „Браќа Пивац“, сведок сум на нејзиниот раст и успех, поради што се радувам на натамошната заедничка работа на унапредувањето на компанијата, изјави Дарко Маркотиќ, нов член на управата на МИ „Браќа Пивац“.

Маркотиќ го завршил Прехранбено – биотехнолошкиот факултет и во МИ „Браќа Пивац“ работи веќе 20 години.  Претседател е на здружението „Кластер на хрватскиот пршут“ а бил член и на работната група за процес за заштита на далматинската панцета на ниво на ЕУ.

 

  

 

Извор: SeeBiz

Фото: Месна индустрија „Браќа Пивац“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...