„Лидл“ – Словенија годинава повторно се приклучи на добротворната акција „Намигни му на сонцето“ која веќе 25.години ја организира Друштвото на пријатели на младите на Словенија.
Оваа акција е насочена кон собирање на средства со цел да им се даде можност на децата со посебни потреби и нивните семејства да одат на летување.
Во текот на јуни потрошувачите на социјалните мрежи имаа можност да ја споделат оваа акција со делење на производи од „Лидл“ без кои не би можеле да го замислат летувањето. За секое учество во активацијата компанијата издвојуваше одредена сума а вкупниот износ на годинешната донација е 18.000 евра.
Благодарност за оваа донација изрази генералната секретарка на Друштвото на пријатели на младите, Бреда Крашна.
Горди сме што можеме да придонесеме во добар одмор за децата кои поради социјални или здравствени проблеми не би можеле да уживаат во безгрижен одмор. Веруваме дека со заеднички сили можеме да постигнеме повеќе во областа на општествената одговорност. Нашата соработка со Здружението е доказ дека на овој начин создаваме подобар свет за загроцените целни групи, изјави Петер Кебриќ, директор за набавки во „Лидл“ – Словенија.
Потрошувачите годинава ќе можат дополнително да му помогнат на ова Друштво со купување на тетратки на чија насловна страница е маскотата на „Лидл“, а со секое купување компанијата ќе издвојува по 50 центи за штитениците од Здружението.
Извор: InStore.si
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.