Регион

„Хајнекен“ – Хрватска освои награда за квалитет

23 Jul 2024

Компанијата „Хајнекен“ – Хрватска е добитник на интерна награда „Консумер преференс квалити авард“ од матичната компанија „Хајнекен“.

Оваа награда се доделува во рамките на мрежата на компанијата на основа на повратните информации од потрошувачите.

 Наградата во име на компанијата им беше врачена на директорката на секторот за маркетинг Ружица Рачиќ – Мршо и на директорот на секторот за продажба, Димитрис Кириазис.

Тие го истакнаа задоволството на компанијата што нивната работа на брендот „толку добро одекна кај хрватските потрошувачи“.

Нашиот труд и иновации ги освоија нивните срца, а оваа награда претставува наш заеднички успех. Честитки за целиот тим! Продолжуваме да работиме  Heineken да остане водечки преимум пивски бренд во Хрватска, соопштуваат од компанијата.

 

 

Извор/Фото: „Хајнекен“/„Линкедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...