Истра доби уште еден супермаркет на „Плодине“ кој е отворен во Жбандај во близина на Пореч.
Ова е третата продавница на овој трговски синџир во Пореч, а вкупно има 138 продавници низ Хрватска.
На денот на отворањето компанијата за потрошувачите подготви дегустација на прозводи, скара, пијалаци, а покрај тоа потрошувачите може да го завртат и тркалото на среќата. Во овој објект се вработени 30 лица , а по повод отворањето компанијата донира 2.600 евра на Центарот за инклузија и поддршка на заедницата, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“.
Извор/Фото: „Плодине“/„Линкедин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.