„Гомекс“ ги отвори вратите на новиот маркет во Уб и на реновираниот маркет во Зрењанин.
Ширењето на својата малопродажна мрежа „Гомекс“ го продолжи во новоотворениот „Ритејл парк“ во Уб. Овој маркет ќе работи седум дена во текот на неделата од 7 до 21 часот, а потрошувачите ќе имаат можност да најдат се што им е потребно во простор од над 300 квадратни метри, соопштуваат од компанијата.
Исто така, после повеќенеделно реновирање со работа започна продавницата во Зрењанин, на улицата Жарко Зрењанин 942, која што доби нов изглед.
Од „Гомекс“ соопштуваат дека овој објект сега нуди повеќе можности за купување во многу поубав амбиент и една од главните новини е воведувањето на сопствената пекарница во која во секој момент во понудата ќе има свежо печени пекарски производи.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.