Регион

Хрватска: „Студенац“ го купува малопродажниот синџир „Кеа“

17 Jul 2024

Трговскиот синџир „Студенац“ ги соопшти плановите за купување на словенечкиот малопродажен синџир „Кеа“.

Договорот за купопродажба е веќе потпишан и се чека одобрение од словенечката Агенција за заштита на пазарната конкуренција.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, со овој стратешки потег, „Студенац“ започна со ширењето на меѓународниот пазар, со што дополнително се засилуваат можностите за нов развој.

Малопродажниот синџир „Кеа“ е со седиште во градот Шентјур и во својата малопродажна мрежа има 31 продавница низ Словенија. Просечната големина на продавницата изнесува 250 м2, а минатата година „Кеа“ остварила приход од речиси 50 милиони евра.

Од успешна семејна компанија во Омиш, „Студенац“ прерасна во најбрзорастечки малопродажен трговски синџир во Хрватска. Покрај тоа што на уникатен начин создаваме една од најимресивните деловни приказни во Хрватска, од денеска можеме да кажеме дека ја градиме нашата иднина во малопродажбата во регионот. Новата аквизиција за нашата компанија значи уште посветла иднина. Ширењето на словенечкиот пазар го потврдуваме со својата посветеност, континуиран пораст и развој, придонесувајќи за доброто на локалните заедници во двете земји. Преземањето на синџирот „Кеа“ не е само доказ за нашата сила и користење на потенцијалот за раст, туку и одлучност за да станеме водечки малопродажен синџир во регионот, изјави Драган Башкарад, член на управата на „Студенац“.

Моментално сме во завршни фази за реализација на два големи процеси со кои ја шириме својата мрежа за преземање на „Децентиа“, со што ќе се зајакне нашиот статус во Загреб и преземање на синџирот „Кеа“, со која го започнуваме ширењето на меѓународниот пазар. Нашиот следен и најважен чекор ќе биде успешна интеграција на овие трговски синџири во „Студенац“, со посебен акцент на нашите на нашите сегашни и нови вработени,  односно на оние кои им го должиме успехот и денешната позиција на нашата компанија. Богатото искуство во овие процеси нам ни го олеснува периодот на транзиција кој го очекуваме и ни овозможува успешен почеток на нашиот заеднички пат, изјави Андрија Топиќ, член на Управата на „Студенац“ за аквизиции и интеграција.  

Од „Студенац“ соопштуваат дека во последните шест години со аквизиции ја прошириле својата мрежа за над 650 продавници. На крајот на првата половина од годинава компанијата управувала со околу 1.300 продавници ширум Хрватска во кои се вработени над 6.000 луѓе.   

 

 

Извор: InStore.hr

Фото: „Студенац“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...