Трговскиот синџир „Томи“ продолжи со ширењето на својата продажна мрежа во Хрватска, како и со активности кои се насочени кон адаптација на постоечките продажни места.
Компанијата на 10.јули отвори нов супермаркет во Земунмик ( на улицата II 10Б), со што дополнително се зголеми присуството на трговскиот синџир на подрачјето на Задар. Значаен дел од понудата на супермеркатот кој се протега на површина од 600 м2 го сочинуваат месарницата и пекарата. Покрај тоа, модернизиран и забрзан е приемот на амбалажата, затоа што е инсталиран модерен приемен систем.
Исто така, неодамна беше отворен и реновираниот хипермаркет во Вела Лука (на улица 47 бр.49), на површина од 2.000 м2. Посебно внимание на оваа продавница е насочено на месарницата и пекарата, како и одделите за деликатеси, овошје и зеленчук. Исто така и во овој продажен објект е инсталиран модерен приемен систем.
На почетокот на јули, повторно е отворен максимаркетот на Вис, како и супермаркетот во населбата Сали, на Дуги Оток.
Во сите новоотврени продавници на компанијата за потрошувачите беа подготвени пригодни подароци и беа покренати посебни акции.
Извор: InStore.hr
Фото: „Томи“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.