Трговскиот синџир „Гомекс“ изминатиов викенд отвори два нови продажни објекти. Во Краљево беше отворена првата продавница на „Гомекс“, а жителите на Крагуевац ја добија четвртата продавница од овој трговски синџир.
Минимаркетот во Краљево се наоѓа на улицата Цар Душан 16, додека новиот малопродажен објект во Крагуевац се наоѓа на улицата Милован Гушиќ бб. Двете продавници нудат широк избор на секојдневни производи, меѓу во пазарниот оддел се издвојуваат свежиот зеленчук и овошје, како и свежите пекарски производи од пекарскиот оддел. Во овие две продавници се вработени 17 лица, а на денот на отворањето компанијата подготви подароци за своите потрошувачи, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.