Регион

БиХ: „Неопланта“ ја претстави паштетата од живина Patelina

11 Jul 2024

На крајот на јуни повеќе од 200 вработени од компаниите „Нелт“ и „Неопланта“  се собраа на Јахорина за да го одбележат лансирањето на асортиманот од живина на Patelina на пазарот во БиХ.

Претставниците од „Неопланта“ од секторот за производство, контрола на квалитет, планирање, маркетинг, развој и продажба, кои учествуваа во креирањето на целиот концепт на настанот ја истакнаа одличната атмосфера за време на престојот во хотелот „Термаг“.

Повеќе сум од горда на сите колеги кои беа дел од оваа толку убава приказна. Во одлична атмосфера, максимално мотивирани го започнавме лансирањето на Patelina  на пазарот во БиХ, па затоа на целиот тим му посакувам многу среќа, успех и сите да покажеме колку е убава нашата Patelina, изјави Јелена Ловре Каназир, бренд менаџерка во „Неолпланта“.

Веруваме дека овие можности се вистинскиот начин на долгорочно ниво да се подигне мотивацијата, да се засили тимот и да се обезбедата врвни резултати, објави компанијата на „Ликнедин“.

 Од компанијата потсетуваат дека асортиманот на Patelina туна е омилен бренд на пазарот во БиХ,  кога се работи за паштетите од риба, додавајќи дека не очекуваат ништо помалку од Junior и пилешкиот вкус.

 

 

 

 

Извор/Фото: „Неопланта“/Линкедин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...