Регион

Србија: „Нестле“ ја започна програмата за практикантска работа

08 Jul 2024

Годинава „Нестле“ пречекува 17 студенти и дипломци од Србија   како дел од програмата за платена практикантска работа „Самер кул“. Почнувајќи од 8 јули, овие млади таленти од Србија ќе се приклучат на група студенти од Бугарија, Романија, Хрватска и Украина во интерактивна четиринеделна програма.

Со поддршка на повеќе од 60 професионалци од компанијата, програмата ќе им даде можност на учесниците да научат за различни области како што се маркетинг, синџир на снабдување, финансии, човечки ресурси, одржлив бизнис и лидерство.

 Учесниците ќе имаат можност да работат во мултикултурни тимови и да соработуваат за решавање на студии на случај со фокус на маркетинг и одржливо работење. Работилниците се одржуваат на англиски јазик, додека ментори се вработени во компанијата од шест различни земји.

 Во „Нестл“, сме посветени на привлекување и негување на млади таленти на почетокот на нивните професионални кариери. Многу сме горди на фактот што многу од нашите сегашни експерти и лидери ја започнаа својата кариера токму преку вакви програми. Нашата цел е да им обезбедиме на студентите увид и искуства кои ќе им помогнат да ја започнат својата кариера. Покрај тоа, ние навистина ја цениме и уживаме во нивната љубопитност и новите перспективи на бизнисот. Како ментори, ние сме инспирирани од работата со млади луѓе и ова е одличен начин да покажеме заедно дека летото може да биде кул на многу начини, изјави Тијана Бошњак, менаџерка за развој на таленти за Адриатик регионот, Романија и Бугарија.

 Платеното стажирање во „Самер кул“ е дел од глобалната иницијатива на „Нестл“ „Нидс јут“ која беше лансирана во 2013 година и која има за цел да ги поддржи младите луѓе во нивната транзиција од академски живот кон создавање успешна кариера. На овој начин, „Нестле“ нуди програми за практикантска работа и работни места за студенти или дипломирани студенти, давајќи им можност да ги развијат своите вештини и да стекнат искуство во вистинска работна средина. Откако Србија се приклучи на иницијативата „Самер кул“ во 2020 година, речиси 60 млади поединци активно учествуваа во програмата, охрабрувајќи го нивниот личен и професионален развој.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Нестле“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...