Регион

Словенија: „Лилд“ со поддршка на иницијативата „Јули без пластика“

09 Jul 2024

„Лидл“ – Словенија се приклучи на иницијативата „Месец без пластика“, која се одржува секој јули во организација на „Фондацијата без пластика“, а целта е да се поттикне намалувањето на употребата на пластичните производи за еднократна употреба и да ја подигне свеста за загадувањето од пластика.

Минатата година компанијата во соработка со „Интерзеро Словенија“ ја организира акцијата „Шишиња за јунаци“, во кој беа собрани над 600.000 шишиња.

Сите приходи од собраните шишиња беа донирани на здружението „Јунаци“, кое им дава поддршка на децата заболени од рак.

За секое шише компаниите дале по 5 центи, од донираните шишиња на потрошувачите биле собрани 35,452 евра кои ќе бидат врачени на Здружението.

Од компанијата соопштуваат дека после исклучителниот успех на првата кампања, одлучиле да повторно да се направи акцијата. Новата акција за собирање на шишиња ќе започне на 15 јули и ќе трае до крајот на септември.

 

Извор: InStore.si

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...