Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди кредит во износ од 24,04 милиони евра за „Фабриката за детска храна“ д.о.о членка на „Нелт група“.
Инвестицијата на ЕБОР ќе се користи за финансирање на капиталните трошоци, овозможувајќи компанијата да ги зголеми своите капацитети, воведувајќи нови производи и подобрување на ефикасноста на својата работа. Исто така, кредитот ќе служи за подобрување на финансиската структура на компанијата, подготвувајќи го производителот да го засили своето работење.
Како дел од инвестицијата „Фабриката за детска храна“ ќе обезбеди и поголема родова инклузија со ветување дека ќе го зголеми бројот на жени вработени во логистиката, дистрибуцијата и во одделите за информациски технологии.
Среќни сме што ЕБОР ќе ни помогне да ја постигнеме нашата визија со поддршка на идниот раст на „Фабриката за детска храна“ која е еден од најважните стратешки проекти на „Нелт груп“. Нашиот финансиски аранжман ќе го олесни понатамошното проширување и диверзификација на брендовите на „Фабриката за детска храна“ на сите пазари на „Нелт“ (вклучувајќи ја и субсахарска Африка) и пошироко. Овој чекор го означува почетокот на долгорочната формална соработка меѓу „Нелт група“ и ЕБОР на различни проекти, изјави Милош Јелиќ, извршен директор на „Нелт група“.
Ова е прв проект со „Нелт“, кој ни овозможува да ги официјализираме врските по долгогодишно градење односи меѓу ЕБОР и основачите и високиот менаџмент на „Нелт“. Ова финансирање ќе му овозможи на клиентот да расте и да го диверзифицира својот бизнис на пазарите во Централна и Југоисточна Европа. Тоа го претставува и првиот чекор кон долгорочно партнерство со „Нелт“. Групацијата е присутна во различни бизниси и географски области, меѓу кои Западен Балкан и субсахарска Африка се клучни за „Нелт“, изјави Миљан Ждрале, регионален шеф на агробизнис секторот на „ЕБОР“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нелт група“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.