Регион

Хрватска: „Студенац“ го презема трговскиот синџир „Децентиа“

26 Jun 2024

„Студенац“ ги најави своите планови за преземање на 36 продавници од загребскиот трговски синџир „Децентиа“, со што ја продолжи својата стратегија за ширење на својата продажна мрежа во која се вклучени локалните и регионалните трговски синџири.

Трансакцијата е во постапка на одобрување од страна на Хрватската агенција за заштита на пазарната конкуренција.

По завршување на постапката, „Студенац“ ќе ја засили својата позиција во Хрватска, посебно во Загреб, каде што на купувачите ќе им биде достапен на 130 локации.

„Децентиа“ е загребски трговски синџир основан во 2001 година, кој минатата година остваи приход над 34 милиони евра. Просечната големина на продажата површина на продавниците на овој трговски синџир изнесува 110 квадратни метри. „Студенац“,  во изминатите шест години како дел од својата стратегија за проширување, преку аквизиции интегрираше повеќе од 650 продавници во својата мрежа.

Од декември 2023 година, компанијата управува  со 1.265 продавници низ Хрватска.

 

 

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Студенац“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...