Регион

Хрватска: „Велпро“ потпиша нови договори за соработка со здруженија на мали трговци

14 Jun 2024

„Велпро“, големопродажниот сегмент на „Конзум“ потпиша договори за деловна соработка со три здруженија на мали трговци.

Во прашање се Здружението на трговци „Север плус“, Сојуз на здружените мали трговци и Трговскиот сојуз, кои заедно обединуваат речиси 500 правни лица и околу 1.000 продажни места.

Потписници на договорот беа претсавници на здруженијата Сњежана Бишкуп, Иван Чибариќ, и Маријан Брадиќ, како и претставникот на „Конзум“ Ален Ковачевиќ, директор на Секторот за клучни клиенти, контакт центар и мастер податоци.

Од почетокот, нашата главна стратешка цел беше да создадеме долгорочни одржливи деловни односи со нашите партнери. Довербата што ни ја покажуваат бројните клиенти е признание за нашата работа, но и обврска континуирано да им помагаме да го подобрат својот бизнис преку зголемување на ефикасноста и квалитетот на услугите. Со потпишување нови договори сакаме да придонесеме за опстанок на малите трговци кои имаат пристап до нашите канали, изјави Ведран Бего, директор на Деловната област на Трговија на големо и дистрибуција.

Со своите 16 центри, „Велпро“ ги покрива сите региони на Хрватска и стратешки е фокусиран првенствено на опслужување на професионални клиенти, како што се хотелиери и ресторани, компании за малопродажба и јавниот сектор. Компанијата ги обезбедува своите услуги на повеќе од 10.000 партнери за кои врши повеќе од 250.000 испораки до сите делови на земјата годишно. Покрај тоа, продава и дистрибуира повеќе од 9.000 артикли и повеќе од 800 артикли од сопствени брендови на клиенти на големо.

 

Извор: InStore.hr

Фото: Велпро



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...