Регион

Хрватска: Отворен е првиот „Тисак селект “ во Задар

13 Jun 2024

Во центарот на Задар, на шеталиштето „Калеларга“ на „Широка улица„ бр.10,  отворен е продажниот објект „Тисак селект“ на „Тисак“ кој е прв објект од ваков формат.

„Тисак селект“ донесува нова димензија во купувањето, збогатувајќи ја нашата стандардна понуда со широк асортиман на алкохолни пијалаци, тутунски производи и асортиманот за подароци и сувениир. Ова е единствен формат смислен за да привлече нови купувачи под ново име и визуелен идентитет, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“

 На проектот „Тисак селект“ посветено работел цел тим составен од сите деловни сектори на компанијата.

Исклучително сум гордa на целиот тим и начинот на кој го претставија овој проект. Сите го дадоа својот максимум, поради што денес имаме нов формат „Тисак“, внимателно дизајниран и успешно имплементиран, под ново име и нов визуелен идентитет. Ова е голем чекор за „Тисак“, кој дополнително ја зајакнува нашата понуда и привлекува нови купувачи. Нашите купувачи се нашата мотивација, изјави г-ѓа Хелена Клариќ, претседателка на управниот одбор на „Тисак плус“, по повод отворањето.

 Извор/Фото: „Линкедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...