Регион

Србија: „Персу“ отвора нов дистрибутивен центар

12 Jun 2024

Компанијата „Персу“ за порталот logistika.biz го најави отворањето на новиот дистрибутивен центар.

 Од компанијата соопштуваат дека оваа инвестиција ќе им овозможи да ги унапредат своите логистички капацитети и ефикасно да одговорат на потребите на купувачите.

Горди сме на отворањето на нашиот нов дистрибутивен центар. Овој дистрибутивен центар ја претставува нашата посветеност за постојано подобрување на услугите и обезбедување на најдобри можни производи за нашите купувачи. Сигурни сме дека оваа нова инвестиција ќе му овозможи на „ББ трејд“ уште подобро да одговори на потребите на пазарот и да продолжи со својот успешен бизнис, изјави Владимир Вучетиќ, директор за развој и инвестиции во „ДТЛ Персу маркети“. 

 Компанијата „Персу“ постигна значителен раст во последните неколку години, благодарение на континуираното ангажирање во подобрувањето на производството и дистрибуцијата. Зголемената побарувачка за нашите производи, како и проширувањето на пазарот, беа клучните фактори кои  доведоа до одлука за проширување на капацитетот за складирање, изјави за порталот Дарко Бјелоглав, генерален директор на „Персу маркети“.  

Дистрибутивниот центар ќе биде опремен со модерна технологија за складирање и следење на залихите, што ќе овозможи побрза обработка на нарачките и попрецизна дистрибуција на стоката.

 Извор:Logistika.biz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...