Регион

Србија: „Делта ДМД“ ќе ги увезува новите сладоледи на „Фереро“

11 Jun 2024

Компанијата за дистрибуција на прехранбени производи „Делта ДМД“ го најави увозот и лансирањето на новите сладоледи на „Фереро“ на српскиот пазар.

Меѓу новите производи се сладоледите со вкусови како Ferrero Rocher, Raffaelo, Kinder Bueno и Kinder Bueno White и во продажба ќе бидат и во фамилијарни пакувања од по четири сладоледи.

Новите сладодели ќе бидат достапни на крајот на овој месец во сите поголеми супермаркети како и во одредени малопродажни објекти низ Србија.

Од компанијата истакнуваат дека е обезбедена широка мрежа за дистрибуција за да можат сите потрошувачи да ги пробаат овие новитети, додавајќи дека следното лето ќе понудат уште нови вкусови.

Горди сме што можеме да ги претставиме овие исклучителни сладоледи за нашите потрошувачи во Србија. Овие производи не се само десерт, туку се вистинско искуство кое сакаме да го споделиме со љубителите на сладолед ширум земјата, соопштуваат од компанијата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делта дмд“  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...