Во разговор за „Екапија“, генералниот директор на „Гебрудер вајс“ за Србија, Роланд Раит најави дека компанијата планира ова лето да изгради уште едно складиште во Добановци.
Компанијата мометално работи на две локации во Србија, ( Белград и Добановци, Ниш), со логистички простор од 20.000 квадратни метри и со капацитет за 14.000 палети.
За да ја засилиме дополнително нашата позиција во складишниот простор, почнувајќи од ова лето ќе имлемнтираме уште едно складиште во Добановци. За да обезбедиме поголема сигурност за нашите купувачи, системот за регали е проектиран со сеизмичка отпорност, што не е вообичаена практита во нашиот регион, изјави Раит за „Екапија“.
Минатата година компанијата започна со процесот на опремување на постоечкиот логистички терминал во Добановци со фотонапонски системи, кој вклучува инсталација за соларна енергија, која моментално е во пробна фаза за производство, а постапката за нејзино приклучување на електроенергетската мрежа е во тек.
Ги зголемуваме нашите складишни капацитети и ја шириме домашната мрежа со посебен фокус на куќната достава. Очекуваме значителен пораст во областа на Ниш, на југот на Србија, каде што ќе ги прошириме нашите деловни активности. Исто така ќе имплементираме нов систем за управување на складиштата и натаму ја ќе ја развиваме нашата меѓународна собирна мрежа кон и од Србија. Воведуваме дополнителни дигитални услуги и ги унапредуваме нашите интермодални решенија. Покрај тоа сакаме да станеме атрактивен работодавеч на пазарот, негувајќи го позитивното и динамично работно опкружување, изјави Раит.
Извор: eKapija
Фото: „Гебрудер вајс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.