Регион

Хрватска: „Велпро“ потпиша нови договори за поддршка на малите трговци

06 Jun 2024

„Велпро“ кој е големопродажен сегмент на „Конзум“ потпиша нови договори за деловна соработка со три  здруженија кои ги претставуваат малите трговци од различни краеви на Хрватска и со тоа ја потврди својата улога на посветен деловен партнер.  

Договорите беа потпишани со Задругата на трговци „Север плус“, Сојузот на задруги на мали трговци (СУМТ) и со Трговскиот сојуз ( Задруга на трговци од Задар и Сисак), кои заедно обединуваат речиси 500 правни субјекти и околу 1.000 продажни места.

Со потпишувањето на договорите е потврдена долгогодишната деловна соработка со која „Велпро“ што ја има со претставниците на малите трговци, а посебно се истакнува во сегментот на давање на квалитет на крајните купувачи преку меѓусебна трговска, логистичка и маркетиншка поддршка.

Потписници на договорите од страна на трговските здруженија се Снежана Бишкуп, Иван Чибариќ, Маријан Брадиќ и Зоран Палека, а како претставник на „Конзум“ потписник на договорите е Ален Ковачевиќ, директор на секторите за клучни купувачи, контакт центар и матични податоци.

 Со потпишување нови договори сакаме да придонесеме за опстанок на малите трговци кои имаат пристап до нашите канали кои обезбедуваат стабилност во набавката на стоки и услуги и ја зајакнуваат нивната конкурентност и позиција на пазарот, изјави Ведран Бего, директор на секторот за трговија на големо и дистрибуција.  

 

Извор/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...