„Дис“ е првата домашна трговска компанија која што во своите маркети ќе почне да користи разладни витрини базирани на системот на конверзија на фреонот во СО2.
Овој потег претставува значаен чекор во намалување на емисиите на штетните гасови, соопштуваат од компанијата преку нивниот профил на „Линкедин“.
Како пример за успешна конверзија на фреонот, компанијата го истакнува „Супер Дис“ во Златибор, додавајќи дека анализите покажале дека овој систем нуди значителна заштеда во потрошувачката на енергија, што доведува до намалување на оперативните трошоци, а истовремено помага во зачувувањето на природните ресурси и заштитата на локалниот екосистем.
Од компанијата истакнуваат дека оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на одржливост и претставува еден од клучните елементи од идентитетот на компанијата.
Им благодариме на сите наши партнери и купувачи кои ја поддржуваат оваа иницијатива и ни си придружуваат во напорите за зачувување на природата и за иднината на следните генерации, нагласуваат од компанијата.
Извор/Фото: „Дис“/„Линкедин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.