Компанијата „Имлек“ по повод Светскиот ден на млекото донираше над 6.000 пакети од чоколадното млеко Moja Kravica во детски Центри во Белград и Нови Сад.
Радосни сме што и оваа година ја продолжуваме традицијата со одбележување на Светскиот ден на млекото преку дружење со децата од најчувствителните општествени категории. Со донирањетп на млечните пакети придонесуваме за нивното среќно и здраво растење. Редовното конзумирање на млеко позитивно влијае за развојот на коските и забите, како и кај конгитивните функции како што се учењето и памтењето. Moja Kravica е симбол за безгрижно детство на многу генерации и се трудиме во иднина да го разубавиме овој период од животот на што поголем број на деца, изјави Марија Маловиќ, регионална менаџерка за комуникации и корпоративно работење во „Имлек“.
Од 2000 година, Светскиот ден на млекото се одбележува на 1.јуни, со цел да се зголеми свеста за важноста на млекото и млечните производи во исхраната.
Изминатите години, „Имлек“ спроведе над десет општествено одговорни акции со цел да се подобрат условите за живот на најмладите.
Извор: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.