Регион

Хрватска: „Атлантик група“ воведe нова технологија во складиштето во Вуковина

30 May 2024

„Атлантик група“ воведе напредна „2Д шатл“ технологија за автоматизирана манипулација со палетите во своето складиште во Вуковина, што е прво од ваков вид во овој дел од Европа.

 Од компанијата соопштуваат дека оваа технологија овозможува целосно управување со палетите и интеграција со своите постоечки дигитални решенија во складиштето.

Новиот, автоматизиран дел од складиштето има 15.000 палетни  места, бележејќи 60% подобро искористување на капацитетот.

 На отворањето на новиот дел на складиштето говореа главната директорка на „СДП“ -  Хрватска и Ненад Дечур, директор за логистички операции.

 Посебна благодарност за водење на проектот е упатена за Наташа Гембаровски, кој воедно е и последен нејзин проект пред заминувањето во пензија.  Покрај неа, во тимот кој го создавал проектот се и Марко Лазиќ, директор за корпоративно управување и Ненад Дечур.

 Проектот за проширување е покренаат поради континуираниот пораст на продажбата и потребата за поголеми складишни капацитети, соопштуваат  од компанијата преку нивната веб страница.

 Овој проект започнал во 2022 година, а официјално е покренат минатата година во април.

Извор/Фото: „Атлантик група“ / Принтскрин 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...