Во петокот, на 24.март со работа започнаа два нови маркети и еден реновиран маркет на „Гомекс“.
Трговскиот синџир ги отвори вратите на двата нови маркети во Темерин и Трстеник, додека продавницата на „Житниот плоштад“ во Зрењанин, после двонеделно реновирање продолжува со работа.
Првата продавница на „Гомекс“ во Темерин е отворена на адреса Кошут Лајош, бр.37. Продажниот простор е 190 квадратни метри, а на купувачите на услуга ќе им бидат седум вработени лица. Посебен акцент е ставен на свежо печениот леб и пецива, кои во секој момент можат да се најдат во пекарскиот оддел, кој е во склоп на самата продавница, соопштуваат од компанијата.
Новата продавницата во Трстеник е на улица, Свети Сава бр. 8 и располага со продажен простор од 167 квадратни метри. Во овој маркет има сопствена пекарница и во него се вработени седум лица, додека во реновираниот маркет на Зрењанин е поставена нова опрема и ентериер кој е уреден според стандардите на „Гомекс“.
На денот на отворањето на маркетите за потрошувачите бил обезбеден попуст од 10% на вкупната сметка.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.