Регион

Хрватска: „Конзум“ е на првото место по остварени приходи

16 May 2024

„Конзум“ продолжува да ја предводи листата на топ 10 малопродажни синџири во Хрватска кога станува збор за  остварените приходите во 2023 година. По него   е „Лидл“ ,  „Шпар“ е на третото место. Кога станува збор за нето добивката, на прво место се најде „Лидл“, а потоа „Плодине.“

Имено, „Конзум“ во 2023 година оствари приход од 1,88 милијарди евра (раст од 17,6 отсто) со нето добивка од 18,4 милиони евра (раст од 4,2 отсто).

 Приходите на „Лидл“ достигнаа 1,19 милијарди евра (раст од 11,4 отсто), додека нето добивката на дисконтот беше 56,6 милиони евра (раст од 9 отсто).

На третото место со приход од 988 милиони евра се најде „Шпар“, чија нето добивка во овој период достигна 789 илјади евра.

Приходите на „Плодине“, која е  во сопственост на Миле Ќурковиќ, кои во 2023 година паднаа од третата на четвртата позиција по приходи, изнесуваат 889,9 милиони евра (раст од 12,6 отсто), додека добивката на компанијата е 52,2 милиони евра (раст од 59 проценти).

 Зад нив е „Кауфланд“ со приход од 738,3 милиони евра (раст од 14 отсто) и добивка од 12,2 милиони евра (раст од 37,5 отсто), додека е на шестото место, со приход од 659 милиони евра (раст од 58,9%) и добивка од 4,49 милиони евра е „Студенац“.

На седмото место се најде сплитскиот „Томи“, во сопственост на Томислав Мамиќ, со приход од 611,7 милиони евра (раст од 12 отсто) и нето добивка од 23,6 милиони евра (раст од 32 отсто).

 Синџирот„ KTC“ кој е  во сопственост на семејството Катавиќ е осми на листата, со остварен приход од 277,7 милиони евра (за 11 отсто) и профит од 6,15 милиони евра (пад за 14,6 отсто), следен од „НТЛ“ (Национален трговски синџир) со приход од 178,3 милиони евра (11,6 отсто раст) и нето добивка од 5,32 милиони евра (раст од 2 отсто). На десеттата позиција е „Трговина Крк“ од Малинска со приход од 176,4 милиони евра (22 отсто раст) и нето добивка од 5,9 милиони евра (7,2 отсто раст).

Извор: Bankar.me

Фото: „Конзум“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...