Регион

Србија: Во „Лидл“ пристигнаа самоуслужни каси

15 May 2024

Во продавницата на трговскиот синџир „Лидл“ на улицата Воислав Илиќ број 4, за потрошувачите е пуштена во употреба првата самоуслужна каса.

Со пуштањето во употреба на самоуслужните каси за потрошувачите, компанијата го започна процесот на воведување на овој тип на каса во своите продавници, а во следниот период потрошувачите кои купуваат во други продавници на „Лидл“ ќе можат да го очекуваат ваквиот вид плаќање и услуги .

 Со воведување каси за самопослужување во нашите продавници, сакаме на потрошувачите дополнително да го поедноставиме купувањето  во „Лидл“. Секогаш   ги слушаме потребите на потрошувачите и трендовите на пазарот и  често воведуваме иновации во нашето работење, се со цел да обезбедиме максимално задоволство и уникатно шопинг искуство, по што сме препознатливи и овде и во светот, изјави Марија Којчиќ, раководителка во секторот за корпоративни комуникации во „Лидл“ - Србија.

Начинот за пристап до самоуслужните каси во „Лидл“, потрошувачите ќе можат да започнат преку процесот на скенирање и плаќање за потрошувачката кошничка на еден од следните начини: со скенирање на производот, со скенирање на апликацијата „Лидл плус“ или со кликање на екранот. За успешна употреба на самоуслужните каси потребно е да се скенира секој производ посебно и да се одложи на контролната вага, каде што е неопходно да остане се до крајот на употребата на касата. Ова важи за производите кои содржат бар – кодови, додека за останатите  како што се овошјето, зеленчукот и производите од пекарницата на „Лидл“, може да се избере од достапното мени на екранот на касата.

  Доколку на потрошувачите им биде потребна помош, тогаш има можност да таа да ја побара од асистентите во „Лидл“ преку опцијата  на екранот - „Повикај го касиерот“, или може да лично да го повика.

 

На самоуслужните каси може да се плаќа исклучиво со платежни картички или со подарок картичките, а со избирањето на опцијата готовинско плаќање, сметката се меморира и се плаќа на експресната каса која за таа намена се наоѓа на крајот на зоната со самоуслужни каси.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“ - Србија

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...