Регион

Хрватска: Рекорден број на пријави за школото за овошје и зеленчук на „Кауфланд“

02 May 2024

 На почетокот на април започна нов циклус на проектот на „Кауфланд“ -  школа за овошје и зеленчук за учебната 2024/2025 година.

 Овој малопродажен синџир годинава  го поедностави процесот на аплицирање за својот долгогодишен проект, а заклучно со 28 април, на конкурсот се пријавија 272 Основни училишта од цела Хрватска, што е воедно и најголем број апликации во текот на осумте години постоењето на проектот.

 Училиштата ги испратија своите апликации, а за конечните победници ќе ги одлучат клиентите на „Кауфланд“ од 2 до 21 мај. Имено, на страницата kaufland.hr/skolavip корисниците ќе можат да го изберат училиштето за кое сакаат да гласаат.

 Како и во претходните години,во секоја продавница на „Кауфланд“ во Хрватска и во логистичко и дистрибутивниот центар, ќе се избере по едно Основно училиште како партнер, како и шест дополнителни јавни институции кои исклучиво се занимаваат со обезбедување основно образование на децата со пречки во развојот, на кои   локалната продавница секоја недела ќе им донира свежо овошје и зеленчук во текот на следната учебна година.

 Ова е осма година од имплементацијата на проектот за училиште за овошје и зеленчук на „Кауфланд“, а досега во Основните училишта се донирани над 850 тони свежо овошје и зеленчук.

„Кауфланд“ ги поканува сите клиенти да се вклучат во проектот и со својот глас да овозможат целогодишна донација на свежо овошје и зеленчук од „Кауфланд“ во омиленото Основно училиште, соопштуваат од компанијата.

 Извор/Фото: InStore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...