Трговскиот синџир „Певекс“ започна со изградба на својот продажен Центар во Забок.
Градежните активности кои ќе чинат шест милиони евра, ќе ги извршува компанијата „МДК градежник“, чиј директор, Крунослав Павлиниќ потпиша договор со претседателот на управата на „Певекс“, Крешимир Бубало.
Нашиот инвестициски циклус оди со посакуваната динамика, а експанзијата на компанијата како развојна стратегија го вклучува понатамошниот раст, како органски така и преку отворање на нови продажни центри. Мило ни е што во Забок започнуваме со изградба на продажен центар според нашите стандарди, а покрај тоа во современо уредениот и опремен простор градиме соларна електрана и полначи за електрични возила, изјави Бубало.
Центарот ќе се простира на површина од 5.000 квадратни метри и на потрошувачите ќе им понуди производи кои се потребни за уредување на домовите, како што се куќните уреди, електроника и бои.
Во моментов, „Певекс“ има 29 продажни центри во 25 градови низ Хрватска. Во следниот период компанијата се подготвува за отворање на центри во Пореч, Госпич како и отворање на централно складиште во Јанкомир.
Извор: InStore.hr
Фото: „Певекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.