Регион

БиХ: Промени во раководството на „Нелт“

26 Apr 2024

„Нелт група“ во претходниот период ги претстави организационите промени кои имаат за цел да ја засилат компанијата и успешно да се спроведува деловната стратегија „Ацелерате 20225“.

Досегашниот извршен директор на „Нелт“ доо, ја продолжува својата кариера на позицијата извршен потпретседател на „Нелт група“ за пазарот „Адриа“( БиХ, Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска, Албанија и Косово), додека на чело на компанијата во БиХ ќе го наследи Сузана Сикимиќ.

 Церовина станува дел член на извршниот одбор на „Нелт група“, а неговиот фокус во следниот период ќе биде продолжување на стратегијата на рас, ширењето на добрите практитки меѓу пазарите на „Нелт група“ во регионот Адриа, како и понатамошен развој на организацијата, соопштуваат од компанијата.

 Со многу ентузијазам ја преземам новата улога. Нашите директори веќе работат инзвонредна работа на сите пазари во регионот, а мојата позиција е само чекор кон дополнително засилување на синергијата која отсекогаш ја негуваме во „Нелт група“, изјави Горан Церовина.

 Сикимиќ во изминатите 15 години имала различни позиции во компанијата, со одговорности во рамките на секторот за финансии.

 Горан даде голем придонес во нашата компанија и остави значајно наследство. Чувствувам одговорност и привилегија да продолжам во водењето на оваа организација, со исклучителни луѓе и инзвонредни резултати. Фокусирани сме на оперативната исклучувост и остануваме верен партнер на нашите принципали, купувачи и клиенти, изјави Сикимиќ.

Од компанијата истакнуваат дека оваа промоција воедно е и еден од примерите за стратешкиот однос кон родовата балансираност.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Нелт



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...