Регион

Црна Гора: „Лидл“ ќе гради логистички центар во Зета

23 апр 2024

Германски дисконтер „Лидл“ сака да купи земјиште за изградба на логистички центар во Зета пред планираното отворање на синџирот на продавници низ Црна Гора, изјави за „Вијести“ претседателот на општина Зета, Михаило Асановиќ

Како што изјави Асановиќ, станува збор за парцела со површина од 200.000 метри квадратни, на која компанијата сака да изгради логистички центар кој ќе ги опслужува планираните продавници во Црна Гора.

Во април минатата година од компанијата соопштија дека ја разгледувале можноста за проширување на нивната работа.

 Во однос на малопродажбата, Црна Гора е пазар на кој потрошувачите го сакаат моделот што го нуди „Лидл“, а тоа е понуда на висококвалитетни производи по најдобри цени. Затоа, „Лидл’ во моментов инвестира во можни локации за продавници и логистички центри во Црна Гора, изјавија во таа прилика од компанијата.

Компанијата од  неодамна го зголеми и регистрираниот капитал на 23,5 милиони евра, што е за два милиони повеќе од претходниот износ.

Досега „Лидл“ има регистрирано сопственост на три имоти, два во Подгорица и еден во Никшиќ, за кои, според сознанија на „Инвеститор“, потрошила повеќе од 17 милиони евра.

Објектите во Подгорица се наоѓаат на парцела која се простира на површина од приближно 14.000 метри квадратни, додека објектот во Никшиќ зафаќа површина од околу осум илјади квадратни метри.

 

Извор: SeeNews

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...