Анализи

Услужните пултови го помагаат растот на локалните супермаркети во ЦИЕ

25 Apr 2024

Локалните супермаркети   го зголемуваат својот удел на пазарот во Централна и Југоисточна Европа и покрај силната меѓународна конкуренција. Особено во Полска и Романија, големата разлика помеѓу руралните и урбаните области обезбедува мали формати со можности за проширување. Сервисните пултови за свежи производи играат главна улога во придобивањето на  традиционално ориентираните купувачи. Исто така, дисконтерите ги подобруваат концептите на нивните пултови за подобро да ја задоволат локалната побарувачка.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

 Локалните супермаркети во близина се искачуваат на врвот на националните рангирања на продавници во Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ). Особено во Полска и Романија, операторите со мали површини напредуваат и покрај доминацијата на големите меѓународни играчи. Во ваквите малопродажни рамки, силната традиционална ориентација на потрошувачите им овозможува на локалните херои да се разликуваат од стандардизираниот пристап на меѓународните конкуренти. Еден од елементите што го длабоко го зајакнува локалното позиционирање се услужните пултови за свежи производи.

Според статистичките податоци на Светска банка, Полска е на 5. место меѓу сите земји на ЕУ по уделот на населението кое живее во руралните области. Во 2022 година, показателот изнесуваше 40% од вкупното население, додека просечниот индикатор на ЕУ беше 25%. Податоците од „Гфк консумер панел сервисес“  во Полска, покажуваат дека фреквенцијата на купување во руралните области во дванаесетте месеци до ноември 2023 година била околу 15% пониска отколку на национално ниво. Во исто време, големината на потрошувачката кошницата беше за 24,9% поголема од националниот просек. Се чини дека купувачите од руралните средини ја следат мисијата на купуавње од едно место за целото семејство, многу повеќе отколку нивните урбани пандани.

Најистакнат пример за успешна адаптација на оваа клиентела е полскиот локален јунак за прехрана „Дино“. Во изминатата година, трговецот на мало можеше да ги зголеми приходите за 29,6% до 5,7 милијарди евра врз основа на флексибилни девизни курсеви. Со високи двоцифрени процентуални стапки на раст во изминатите години, „Дино“ напредуваше на 4-то место на националното рангирање на продавници во Полска. Податоците на компанијата покажуваат дека просечната годишна стапка на раст на приходите од 2019 до 2022 година била 24,1% пресметано на евра. Во истиот период, лидерот на пазарот „Биедронка“ растеше во просек за 12,0% годишно. Под број два, „Лидл“, оствари стапка на раст на приходите од 12,1% годишно во евра.   

Се чини дека на „Дино“ добро им служи на купувачите од руралните средини. Дисконтерот на мало ја поддржува мисијата за купување на едно место, со целосен опсег од околу 5.000 артикли - од кои 94% се брендирани и главно од полски добавувачи, во компактен, стандардизиран продажен простор од речиси 400 квадратни метри. Во исто време, „Дино“ главно отсутен од големите градови како Варшава, Краков или Вроцлав.

Освен силниот фокус на полските брендови, како инструмент за успехот на „Дино“ се пултовите за свежи производи што ги има секоја продавница. „Дино“ се снабдува од сопственото одделение за производство на месо на групацијата „Агро -Рудзуна“  , кое според податоците објавени од министерството за финансии генерирала нето приход од над 512 милиони евра во 2022 година, што значи повеќе од 9% од малопродажните приходи на „Дино“ (претпоставувајќи неутралност на маргината ). Исто така, други блиски полски супермаркети како што се „Стокротка“, „Левиатан“ или „Деликатеси центрум“  ги  имаат сервисните пултови како стандард.

 Полскиот лидер на пазарот „Биедронка“, кој има голем дел од своите продавници надвор од големите градови, почна да ги воведува традиционалните пултови во своите продавници на крајот на 2019 година. Според Вероника Галка, која е проект менаџерка за пултовите за малопродажни услуги, до крајот на март „Биедронка“ има инсталирано пултови во 1.120 продавници со свое портфолио, од над 3.570 локации низ целата земја. Експертизата на „Биедронка“ во свежите категории може да послужи и како конкурентна предност за иден влез на словачкиот пазар. Дури 46% од целото население на јужниот сосед на Полска живее во области класифицирани како рурални, а тоа е  највисок процент во цела Европа заедно со Романија.

       

Во Романија, свежите асортимани на услуги се исто така стандарден концепт кај малопродажниот оператор и локалниот херој „Профи“. Во изминатите пет години, трговецот на мало скокна од 6-то на 3-то место на националното рангирање на продавници и генерира нето приход од 2,5 милијарди евра во 2022 година. Просечната годишна стапка на раст врз основа на еврото од 2019 до 2022 година изнесува 16,4%. Во истиот период, лидерот на пазарот „Лидл“ растеше со стапка од 22,9% годишно, вториот по ред, „Кауфланд“, за 9,1%.

Исто така, попустите на „Реве груп“ во Романија ги зајакнуваат своите локални позиционирања со воведуње на пултови. Дисконтерот на мало неодамна ги објави плановите за зголемување на бројот на продавници опремени со сервисни пултови од сегашните 200 на 375 продавници до 2029 година. Сепак, пристапот е малку поинаков во споредба со „Дино“, „Бидронка“ или „Профи“. Според „Пени“, традиционалните пултови за свежи производи сместени пред касата се управувани од   18 независни, регионални месарници. Дополнително, „Пени“ има 10 сопствени месарници, наследство од конверзијата на продавниците „Пени ХХL“, поголемиот концепт на „Пени“, кој беше пилотиран пред повеќе од десет години. Како што објави компанијата, имплементацијата на месарнциите нуди поголем избор во клучните категории на месо и месни производи и дава можности да се понудат производи калибрирани според локалната побарувачка. Иако беше рангирана на 6-тото место на националното рангирање на продавници во сенка на лидерот на пазарот, „Пени“ можеше да го зголеми годишниот приход на основа на евра во просек за 20,3% од 2019 до 2022 година. Само „Лидл“ успеа да напредува малку побрзо со годишна стапка на раст од 22,9% во истиот период.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

 

Фото: Pexels

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...