„Витаминка“ објави дека на пазарот лансира девет нови производи.
Од компанијата на својот профил на „Линкедин“ соопштуваат дека се работи за преливи и сосови кои совршено го надополнуваат секое јадење и се вклопуваат во бројни комбинации
Во палетата на дресинг односно преливи ги имаме Caesar, Feta, Honey & Mustard и Thousand island. Одлично одговараат со салати и како додаток на бургери, сендвичи и поховани производи. Додека пак во новите сосови се вбројуваат сосот Cheddar, Original burger,Sweet barbecue, American smokey bbq и сосот Mayo & Mustard. Може да се користат и како маринада, а идеални се и како сосови за хамбургер, помфрит, пица, начос итн, соопштуваат од „Витаминка“.
Извор/Фото: „Витаминка“/ „Линкедин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.