Регион

Хрватска: „ПИК Врбовец“ на пазарот ги лансира производите Pik Natur

12 Mar 2024

„ПИК Врбовец“  претстави уште една иновација. Се работи за „Клин лабел“ линијата на месни преработки под името Pik Natur, кои после темелно истражувања и експериментален развој, успешно се пласирани на пазарот.

Проектот е реализиран со користење на средства од Европскиот фонд за регионален развој, кој меѓу другото им дава поддршка на компании за иновации кои го стимулираат одржливиот развој. Покрај тоа, како еден од важните елементи на овој проект била и соработката со хрватскиот Завод за јавно здравство кој се вклучил како стратешки партнер преку давање на стручно знаење и поддршка.

Оваа линија на месни производи, во која се вклучени шунка, паризер, мортадела и трајните колбасици, се произведени без додатоци на фостафат, нитрити и нитрати, со користење на природни изводи на акробинска киселина, што резултира со производи со чист вкус и високи нутритивни вредности.

 Производите од линијата „Клин лабел“ настанаа како наш одговор на промените во прехранбените трендови на потрошувачите и како резултат на нашата посветеност за квалитет и внимателно одбрани состојки. Целиот процен на развој се спроведуваше според строго дефинирани правила и чекори, со цел да го осигураме врвниот вкус, изглед и пакување на нашите производи. Сакаме да потенцираме дека нашите производи се со автентичен вкус, иако се ослободени од одредени адитиви, изјави Инес Бертиновец директорката за развој на „Пик Врбовец“.

Извор: Instore.hr

Фото: „ПИК Врбовец“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...