Регион

Србија: „Гомекс“ го отвори новиот маркет во Рума и реновираниот маркет во Зрењанин

26 Feb 2024

Во петокот, на 23.февруари отворен е новиот маркет на „Гомекс“ во Рума, како и реновираниот маркет на „Гомекс“ во Зрењанин.

Новоотворениот маркет во Рума, се наоѓа на адреса „Главна 80“ и е четврти малопродажен објект во овој град.

 Продавницата нуди разновиден избор на свежо овошје и зеленчук, деликатеси, како и леб и пецива, а на денот на отворањето, за првите купувачи биле спремни подароци и попуст од 10% на целата сметка.

Реновираниот маркет на „Гомекс“ во Зрењанин се наоѓа во населбата „Дуваника“. Работните активности траеле еден месец, маркетот добил нов изглед на екстериерот(нова фаса, уреден пристап и зелен простор) и нова пекарница во рамките на маркетот.

Како и во маркетот во Руми, на отворањето на овој маркет, покрај подароците за купувачите  биле обезбедени и попусти од 10% на целиот износ на сметката.

 Извор: Instore.rs

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...