Малопродажниот синџир „Гомекс“ отворил нов малопродажен објект во Батајница, на улицата „Мајор Зоран Радосављевиќ, 211“.
Маркетот е со површина од 316 метри квадратни, со простран паркинг за возила. Овој маркет е опремен по најсовремени стандарди и во неговата понуда има над 5.000 артикли.
Од компанијата соопштуваат дека купувачите во новиот маркет можат да очекуваат богат асортиман и квалитетна услуга за која ќе бидат задолжени десет нововработени лица. Потрошувачите можат да уживаат во разновидниот избор на свежо овошје и зеленчук, но и во пецивата и лебот од сопствената пекарница која се наоѓа во склоп на маркетот.
Континуираното ширење на малопродажната мрежа е показател дека „Гомекс“ непрекинува да инвестира во растот и развојот на малопродажнио синџир, со цел да обезбеди врвна понуда и услуга, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.