Модерната, иновативна продавница без каси и скенирање на артикли е целосно приспособена на потрошувачите, а вратите ги отвори на 20 септември во Загреб.
Во првата смарт продавница без каса отворена во регионот, на Курелчева 1 во Загреб, потрошувачите можат да го внесат и скенираат QR кодот од мобилната апликација Konzu, да ги земат саканите артикли од полиците и едноставно да заминат. Плаќањето за купените артикли ќе се врши автоматски преку сметката на дебитната или кредитната картичка внесена од потрошувачот во апликацијата, а сметката ќе биде испратена нао апликацијата и на е-меил.
Системот за апликации функционира како „дигитален паричник“ и на потрошувачите од сите генерации им овозможува супериорно искуство за купување.
Оваа продавница е вистинска потврда за нашата улога на лидер на пазарот - го постигнува максимумот во секојдневниот бизнис, во корист на потрошувачите и пазарот, притоа секогаш земајќи го предвид идниот развој. Така минатата недела „Конзум“ беше пред сите во намалувањето на цената за да се намали инфлацијата во Хрватска, а сега првата автоматизирана продавница во Хрватска ги отвора вратите на пазарот. Овој чекор е целосно усогласен со плановите за технолошка трансформација и дигитализација, кои се еден од четирите чекори на развојната стратегија на „Фортенова“, изјави Фабрис Перушко, член на Одборот на директори и извршен директор на Групацијата Фортенова.
Зоран Митрески, извршен директор на „Фортенова ритеил груп“ и претседател на Управниот одбор на „Конзум“ нагласи дека со отворањето на првата смарт продавница во Југоисточна Европа, покажуваат дека „Конзум“ е лидер во трендовите и иновациите.
Со цел да останеме неприкосновен лидер на пазарот и прв избор за вработените и за потрошувачите, континуирано инвестираме во модернизација на нашата малопродажна мрежа, вклучувајќи целосно нови концепти како што е овој. Со секој нов технолошки напредок, „Конзум“ станува синоним за модерен начин на пазарење за целото семејство, додаде Митрески.
Во новата продавница птрошувачите ќе можат да изберат прехранбени и непрехранбени производи, како и предмети за домаќинството од широк асортиман. Асортиманот брои повеќе од 1.700 широко користени артикли, со акцент на свежиот оддел, пијалаци и асортиманот TO GO.
Компанијата воведе плаќања со криптовалути, прво онлајн, а потоа и во физички продавници, а потрошувачите во продавниците можат да плаќаат преку апликацијата KEKS Pay.
Се вчитува следна вест...