Регион

Изложба на „Дијамант“ во чест на 85 години постоење

25 Sep 2023
Во чест на деценискиот бизнис, изложбата насловена „Дијамант: Ви благодариме за децениската доверба“ беше претставена во Националниот музеј во Зрењанин, со цел посетителите одблиску да го погледнат развојот на компанијата во Србија.
 
На свеченото отворање на изложбата присуствуваа голем број заинтересирани граѓани, како и поранешни и сегашни вработени во компанијата. 
 
Во оваа прилика Филипос Нанопулос, директор за маркетинг и развој на „Дијамант“, истакна дека изложбата е можност посетителите да се запознаат со успешната историја и развоен пат на фабрика која работи како лидер во прехранбената индустрија. Во текот на повеќе од осум децении постоење, успеавме да се приспособиме на промените, а во исто време да останеме доследни на нашата цел - да го одржиме квалитетот на производот на највисоко ниво. Верувам дека во наредните години бизнисот на „Дијамант“ ќе биде уште поуспешен, а ние во компанијата, како и досега, ќе продолжиме да ги пополнуваме страниците на историјата со труд и да ја оправдуваме довербата што ни ја даваат потрошувачите, изјави Филипос Нанопулос.
 
Изложбениот материјал ќе биде достапен за посетителите до средината на октомври 2023 година.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...