Регион

„Студенац“ отвори 9 поп-ап продавници

05 Sep 2023

По отворањето на првата поп-ап продавница на почетокот од август минатата година во Новиград, „Студенац“ отвори уште 9 продавници од овој формат.

Минатогодишниот пилот-проект се покажа како полн погодок. Уникатниот малопродажен модел годинава беше проширен во камповите и на плажите, а планираме да поставиме поп-ап продавници и во урбаните средини и во континенталниот дел од државата. Концептот ќе го надградуваме следејќи го развојот на „Студенац“, повратните информации од купувачите и продажниот тим на терен, изјави Гордана Картело, раководител на иновативни проекти во „Студенац“.

Поп-ап продавници беа отворени во Рабац, Драмаљ, Затон (Задар), Селцa, Ичиќи (Опатија), Крк, Вис, Задар и Трибуњ.

Компанијата наведува дека асортиманот на овие поп-ап продавници се заснова на концептот храна за носење и вклучува пекарски производи, свежо овошје и зеленчук, деликатеси, алкохолни и безалкохолни пијалаци, грицки и слатки, но има и непрехранбени производи (козметика, средства за хигиена).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...