На покривите на продавниците на „Туш“ се поставени повеќе од 3.000 соларни панели, кои ќе обезбедат повеќе од една четвртина од потребната електрична енергија.
Како што е наведено на официјалната Linkedin-страница на компанијата, продавниците на „Туш“ имаат „соларни покриви“ на шест локации. Заедно со групацијата „Интеренерго“, тие успешно ја завршија инсталацијата на нови соларни панели на продавниците на „Туш“ со вкупна површина од 14.540 квадратни метри, што е еднакво на големина на две фудбалски игралишта.
Со својот капацитет соларните панели, од кои ќе ги има уште повеќе во наредните месеци, годишно ќе произведуваат повеќе од 1.300 MWh зелена енергија, што ќе покрива дури 27 отсто од потребите за електрична енергија на продавниците каде што се инсталирани. .
Истовремено ќе се намалат 850 тони емисија на CO2.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.