Регион

„Фортенова“ доби две награди на Google Cloud

01 Sep 2023

На неодамна одржаната конференција на Google - Google Next 2023 во Сан Франциско, на „Фортенова“ ѝ беа доделени две награди за достигнувања во екосистемот Google Cloud - наградата во малопродажната индустрија и наградата за трансформација на таленти.

Драган Мркајиќ, директор за Data & AI Strategy на Fortenova Group, ги прими наградите во име на „Фортенова“.

Групацијата е препознатлива меѓу големиот број корисници на платформата Google Cloud во светот за нејзините достигнувања во успешна примена на напредна аналитика и вештачка интелигенција во нејзините оперативни компании – „Конзум“ - Хрватска, „Меркатор“ - Словенија и „Меркатор“ - Србија. Целта е развој на водечките технолошки решенија во малопродажната индустрија, се нагласува во соопштението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...