Компанијата постави интерактивен дисплеј со вештачка интелигенција во трговскиот центар „Ситипарк“, кој врз основа на стилот на облекување на минувачите заклучува каков е нивниот музички вкус.
Дисплејот работи така што неговиот алгоритам за машинско учење го анализира лицето што стои пред него, потоа го одредува неговиот стил и му го покажува резултатот во форма на аватар илустриран со помош на програмата за вештачка интелигенција Midjourney. Екранот пушта музика преку звучник што одговара на стилот на личноста што стои пред него.
Дисплејот е дизајниран така што, во согласност со музичкиот вкус на минувачите, препорачува и еден од производите на холандската компанија Fresh'n Rebel, достапен исклучиво во продавниците на „Шпар“ и „Интершпар“, кој најмногу ќе одговара на нивните потреби.
Како трговец, користиме нови технологии и им носиме модерни искуства на нашите потрошувачи. Истиот менталитет го носиме и на нашите полици бидејќи холандскиот бренд Fresh'n Rebel е вистинско освежување, и како моден додаток и за доживување музика, изјави Лидија Ракуша, маркетинг-директор на „Шпар“ - Словенија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.