Регион

Словенија: „Шел“ презеде 39 бензински пумпи на МОЛ

29 Aug 2023
Унгарската енергетска групација МОЛ вчера ја заврши најавената продажба на 39 бензински пумпи на „Шел“ во Словенија, а предавањето на бензинските пумпи се очекува да почне во октомври.
 
Групацијата МОЛ во март потпиша договор за продажба кој вклучува 39 бензински пумпи, делумно од мрежата на МОЛ во Словенија, а делумно од мрежата на поранешна ОМВ - Словенија. Како што потсетија од компанијата, оваа трансакција беше услов поставен од Европската комисија на крајот на јуни за преземање на ОМВ - Словенија.
 
Со купувањето на ОМВ - Словенија, МОЛ стана вториот најголем играч на словенечкиот пазар на гориво.
 
По завршувањето на сите процедури „Шел“ ќе има 48 бензински пумпи, МОЛ - Словенија 133, а најголем снабдувач и натаму ќе биде „Петрол“ со 318 продажни единици.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...