Регион

„Маерск“ отвори складиште во Риека

19 Jul 2023

Данската бродска компанија „Маерск“ го засили своето присуство во Хрватска со отворање на прво сопствено складиште во земјата, на околу 20 километри од Риека. 

Складиштето се протега на 12.000 квадратни метри, дизајнирано е да ја намалува емисијата на гасови преку соларни панели и ЛЕД светла кои ја намалуваат потрошувачката на енергија. Објектот има флексибилен капацитет на палетни места и нуди комплетни решенија, вклучувајќи и царински услуги. 

Првиот купувач кој го користи ова складиште е британскиот синџир „Маркс&Спенсер“, соопштија од „Маерск“.

Глобалната мрежа на „Маерск“ брои 473 складишта.

Извор: Lider Media
Фото: Maersk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...