Регион

„Нелт“ воспостави нова интермодална траса

05 Jul 2023

На терминалот на „Нелт“ стигна возот од Љубљана како резултат на соработката со „Адриа комби“, најголемиот независен интермодален оператор во југоисточна Европа. Со тоа е остварен значаен чекор во интеграцијата на оваа линија во мрежата возови на „Нелт“ што веќе доаѓа од правец на Пиреј, Бар и Риека. Новата траса им пружа на клиентите чија стока доаѓа од Западна Европа преку Љубљана, можност за ефикасен транспорт со железница, со сите предности што терминалот на „Нелт“ ги нуди на територијата на Западен Балкан, пренесе српското издание на eKapija. 

„Нелт“ продолжува да поставува нови стандарди во интермодалниот транспорт. Досега, на неделно ниво, ги сервисиравме товарните композиции од Пиреј, Риека и Бар. Со ширење на мрежата на Љубљана и со реални изгледи да се прошириме кон Солун и други правци кон пристаништата во Западна Европа и Турција, очекуваме значителен пораст во бројот на возови кои доаѓаат во нашиот комплекс. Интермодалниот транспорт е важна алка во локалниот, националниот и меѓународно одржливиот развој бидејќи овозможува различни финансиски, безбедносни, општествени и еколошки предности, , изјави Јелена Јованиќ, менаџерка за продажба и развој на услугите на интермодалниот терминал.  

„Нелт“ продолжува и да ја шири својата мрежа на вакви терминали. За вториот квартал од годинава е планирано отворање на уште еден интермодален контејнерски терминал во Крушевац. 

Извор: eKapija 

Фото: Nelt 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...