Регион

Хрватска: „Краш“ претстави нова верзија на познатиот бренд

15 May 2023

Хрватски „Краш“ претстави нов производ, Domaćica Multigrain, кој содржи дури пет видови житарки: пченица, овес, хељда, јачмен и спелта.

Покрај житарките, новата Domaćica има и 23 отсто чоколаден прелив. Производот веќе е достапен во продавниците ширум Хрватска.

За потсетување, „Краш група“ минатата 2022 година оствари приход во износ од 1.176,4 милиони куни (156,1 милион евра). По покривањето на вкупните расходи, остварена е добивка пред оданочување во износ од 44,79 милиони куни (5,9 милиони евра), што е раст од 16,5 отсто во однос на претходната година. Нето - добивката на компанијата изнесуваше 36,4 милиони куни (4,8 милиони евра), што е за 6,3 милиони куни (836.000 евра) или за 20,9 отсто повисока отколку во истиот период во 2021 година. 

Извор: InStore.hr
Фото: Kraš



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...