Регион

Хрватска: „Томи“ гради нов логистички центар

19 Apr 2023

Хрватскиот малопродажен синџир „Томи“ почна да гради нов логистичко - дистрибутивен центар во економската зона Дугопоље.

Оваа стратешка инвестиција, една од најзначајните во повеќе од 30 - годишното постоење на компанијата, треба да донесе нов исчекор во работењето, особено низ оптимизација и рационализација на логистичките процеси и да обедини неколку складишни локации на кои сега работиме во една локација, технолошки опремена со најсовршени стандради во согласност со критериумите за одржлив развој, соопштија од компанијата.  

Вкупната вредност на проектот е 45 милиони евра, а работите се изведуваат на површина од 80.000 квадратни метри, додека деловната зграда ќе покрива 38.000 квадратни метри бруто површина. Планираниот капацитет е 35.000 палетни места во неколку температурни режими на складирање. 

Проектот опфаќа и поставување соларни панели на зградата. Се очекува работите да бидат завршени во средината на 2024 година. Планирано е вработување на 250 работници. 

Извор: InStore.hr
Фото: Tommy



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...