Регион

Johnnie Walker покрена акција за пошумување во БиХ

18 Apr 2023

Брендот Johnnie Walker во рамки на проектот „Keep Walking. Keep Planting" („Продолжи да одиш. Продолжи да садиш“) во Шкотска досега засади 389.000 стебла, а сега кампања покрена и во Босна и Херцеговина. Акцијата подразбира садење на 15.000 садници црн бор на локација на селото Хомоље кај Коњиц,  каде пожарите минатите години уништија големи шумски подрачја со стебла постари од 70 години. 

Кампањата „Keep Walking. Keep Planting" беше покрената во 2020 година кога компанијата производител на Johnnie Walker ги најави плановите да засади милион садници на територијата на Шкотска.

Шкотска е наша татковина. Тука нашето патување почна пред 200 години и таа е во срцето на сето она што нашето виски го прави посебно. Додека ја отвораме вратата за следните 200 години на нашето патување, сакаме да направиме позитивни чекори напред за да ги заштитиме дивите шкотски пејсажи и недопрените природни ресурси кои со генерации го обликуваа нашето виски, изјави Џули Брамхам, глобален бренд - директор за Johnnie Walker.

Извор: eKapija
Фото: Noah Buscher/Unsplash

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...